Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциско е стабилна

Макфакс

17/02/2025

09:26

325

Големина на фонт

а а а

Здравствената состојба на папата Франциско (88), кој пред два дена поради бронхитис беше примен во римската болница „Агостино Гемели“, е стабилна и тој добро одмараше во текот на ноќта, соопшти денеска Ватикан.

„Клиничката состојба на папата е стабилна, а терапевтскиот дијагностички процес пропишан од медицинскиот персонал продолжува. Тој утрово ја прими евхаристијата и ја следеше светата миса на телевизија“, се вели во соопштението на Ватикан, пренесено од АНСА.

Папата беше примен во римската болница Гемели во петокот откако се влоши нападот на бронхитис.

Тоа е негова четврта хоспитализација од неговиот избор за папа во 2013 година и покрена прашања за неговото сè понесигурно здравје.

Лекарите потврдија дека папата има инфекција на респираторниот тракт и му препишаа „апсолутен одмор“ заедно со неодредена терапија со лекови.