Два земјотреси регистрирани во Хрватска

Макфакс

17/02/2025

07:31

2.823

Големина на фонт

а а а

Два земјотреси со разлика од само неколку минути ја потресоа Хрватска во неделата нешто пред полноќ и во понеделникот по полноќ, прво почувствувани во околината на Загреб, а потоа и во близина на Задар, соопшти ЕМСЦ.

Првиот земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран, според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во 23 часот и 46 минути со епицентар на 16 километри од Запрешиќ на длабочина од 1,9 километри.

Наскоро, во 00:05 часот, земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во северна Далмација. Снимен е на два километри од Бенковац на длабочина од 15 километри.