Маж од Струмица загина во сообраќајка, се судрил со камион управуван од Украинец

Макфакс

16/02/2025

13:01

698

Големина на фонт

а а а

Четириесет и шестгодишен маж од Струмица со иницијали М.И. загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот од Струмица кон селoто Дабиље.

Струмичанецот кој бил во своето „пежо“, се судрил со товарно возило со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина, соопшти МВР.

Тој загинал на лице место, а од страна на Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен е увид.