Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници

Макфакс

24/02/2025

13:54

291

Големина на фонт

а а а

Целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува почеток на завршување на војната, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот во Киев каде присуствуват бројни министри и претставници на ЕУ на тригодишнината од војната во Украина.

Имаше 60 размени на затвореници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната, вклучително и една во декември кога беа разменети стотици затвореници.

„Тоа е фер и праведна опција“, рече Зеленски, истакнувајќи дека илјадници Украинци сè уште се во руските затвори – некои од нив од руската анексија на Крим во 2014 година.

„Илјадници – илјадници луѓе се приведени во Русија“, нагласи тој.

„Русија мора да ги ослободи Украинците. Украина е подготвена да ги размени сите, а тоа е фер договор“.

Иако Украина не објавува официјални податоци за своите воени заробеници во Русија, се проценува дека ги има повеќе од 8.000.

„Мирот не може едноставно да се прогласи преку ноќ. Путин нема да ни даде мир, ниту ќе ни го понуди во замена за нешто. Мораме да извојуваме мир со сила, мудрост и единство, преку соработка со вас [лидерите на самитот]“, рече Зеленски.

Тој заклучи дека траен мир може да се постигне само ако Украина добие цврсти „безбедносни гаранции“.

Минатата недела Русија рече дека нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како дел од каков било мировен договор.