[ФОТО/ВИДЕО] Пожар во магацин за полиестер - Два објекти целосно изгореле - Повреден пожарникар

Точка

16/02/2025

11:04

1.438

Големина на фонт

а а а

Два од три објекти целосно изгореа во голем пожар што зафати магацин за полиестер ноќеска во гостиварското село Беговитно во општина Врапчиште. При интервенцијата повреден е пожарникар кој паднал од скали.

„Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен. Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот“, соопшти ЦУК.



Итната медицинска помош од Гостивар извести дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 5:30 часот утринава, но гостиварските пожарникари сè уште се на терен бидејќи има жар и чад во објектите на магацинот, а причините за пожар засега се непознати.

Фото: ЦУК

Видео: mkd.mk