[ВИДЕО] Како звучи Д Викенд кога не пее? Многумина ги збуни „сериозниот“ глас на пејачот

Точка

16/02/2025

10:52

2.317

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи снимка од пејачот Д Викенд на која разговара со обожавател, а она што изненади многумина беше тоа како звучи неговиот глас кога не пее.

Многу негови обожаватели останаа шокирани откако го слушнаа гласот на пејачот, бидејќи сигурно не звучеше онака како што очекувале. Имено, на многумина им беше фасцинантно како до сега не ја забележале бојата на неговиот глас, со оглед на популарноста на Д Викенд и неговото долго присуство на музичката сцена.

Д Викенд, познат како Абел Маконен Тесфаје, првенствено е познат по неговиот „свиленкаст“ вокал, а малкумина знаеја како звучи кога зборува.

„Јас сум обожавател на овој човек од 2012 година и никогаш до денес не сум го слушнал како зборува“, напиша еден корисник на Х.

Обожавателите, исто така, се прашуваа зошто неговиот глас не е „депресивен како во песните“, додека други коментираа: „Фактот што звучи и личи толку многу на Тревор Ноа е урнебесен. Ќе помислите дека се браќа“.

Она за што сите се согласија беше коментарот на еден корисник кој рече дека е фасцинантно тоа што Д Викенд во моментов „е веројатно еден од најпознатите пејачи во светот, а речиси никогаш не го слушнавме како зборува“.

Пејачот, кој денес (16.02.) полни 35 години, неодамна го објави својот последен студиски албум насловен „Hurry Up Tomorrow“, откако претходно вети дека „ќе го убие своето алтер его“.

Тој за „W Magazine“ во 2023 година изјави: „Стигнувам до место и време кога се подготвувам да го затворам поглавјето Weeknd. Сè уште ќе правам музика, можеби како Абел, можеби како The Weeknd. Но и понатаму сакам да го убијам The Weeknd. И ќе го направам тоа. Дефинитивно се обидувам да излезам од таа кожа и повторно да се родам“.