„SATURDAY Night Live“, една од омилените ТВ-емисии во Америка, го прослави својот 50-ти роденден. Тие го започнаа славеничкиот викенд со концерт во „Radio City Music Hall“ на Денот на вљубените. На концертот кој се пренесуваше на телевизија присуствуваа мноштво познати личности, а на сцената покрај песните се редеа и шеги, како што доликува на СНЛ, па така еден момент од емисијата стана вирален.
Таа го покажа средниот прст
Водителите Вил Ферел и Ана Гастиер ја прозваа 75-годишната актерка Мерил Стрип, која седеше во публиката покрај Мартин Шорт, откако рекоа дека „некој“ ги задева луѓето за време на концертот.
MERYL STREEP FLIPPING OFF WILL FERRELL & ANA GASTEYER 😭 #snl50 pic.twitter.com/Yiok1QzxND
— tala (@olirettas) February 15, 2025
„Зборуваме за тебе, Мерил Стрип“, рече Гастиер додека камерата беше насочена кон познатата актерка. Во тој момент Стрип го крена средниот прст кон камерата, а публиката се насмеа.
MERYL STREEP THE LEGEND YOU ARE pic.twitter.com/nTcfIxa7mB
— 𝗲𝘃𝗮✨ (@kellmanstreep) February 15, 2025
Корисниците на X го споделија овој смешен момент, со коментари дека Мерил е легенда.
Се појавија гласини за љубовна врска
На концертот покрај Мерил седеше Мартин Шорт, нејзиниот колега од серијата „Only Murders in the Building“. Тие беа забележани како се смеат и танцуваат, а веќе некое време се шпекулира дека Мартин и Мерил се зближиле на снимањето на серијата во која Стрип ја толкува партнерката на Шорт, Лорета Дуркин.
Меѓутоа, претставниците на Шорт ги негираа тврдењата, велејќи за „The Messenger“: „Тие се само многу добри пријатели, ништо повеќе“. Подоцна, актерот во поткастот „Club Random“ изјави дека тие не биле пар.