Гвардиола за предизвикот наречен Премиер лига: Еден ваков Ливерпул не може да стигне до 100 бодови

Дерби

15/02/2025

15:03

3.877

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола на последната прес-конференција истакнал дека Премиер лигата сезонава е дополнително потешка, најмногу поради напредокот на дел од екипите против кои се потешко се освојуваат бодови.

Манчестер Сити не може да се бори за титулата, но Гвардиола вели дека еден од факторите за послабите резултати е и начинот на кој дел од клубовите од средината на теренот инвестирале во своите тимови и го подигнале нивото на квалитет.

За споредба, Гвардиола ја употреби сезоната во која Сити освои 100 бодови.


– Кој ќе освои 100 поени во денешнава лига, кој ќе освои четири титули по ред?

– Со екипи како Борнмут, Фулам и Волвс кои треба да бидат победени, сите екипи се подобрени од сите аспекти и се подготвени подобро поради стандардите кои ги диктираме.

– Го гледате ли Ливерпул оваа сезона? Како играат, а веќе не можат да стигнат до 100 бодови, можат да ја освојат титулата со најмногу 99 бодови. Тоа треба да биде позитивна вест за англискиот фудбал и сите кои сме инволвирани бидејќи стандардите се многу повисоки, – рекол Гвардиола.

Сити ја освои титулата со 100 бодови во сезоната 2017/18, додека најблиску се приближи Ливерпул со 99 освоени бодови во сезоната 2019/20.