Јаник Синер доби тримесечна забрана за настап на сите тениски турнири и стана јасно дека сепак ќе отслужи казна за двата позитивни допинг теста од минатата година, скандал кој дефинитивно се одолговлекуваше со месеци.
Иако Синер беше ослободен од сите обвиненија од најважното законодавно тело во тенисот, Светската анти-допинг агенција поднесе жалба на таквата одлука, па на крајот е пронајдено таканаречено соломонско решение кое е и најбезболно за светскиот рекет број еден.
Италијанецот успеал да се спогоди со најдоговорните луѓе во ВАДА и прифатил да одлежи тримесечна суспензија, што всушност прави да биде достапен за настап на вториот грен слем во годината, Ролан Гарос.
По објавената вест за неговата суспензија во јавноста, со официјално соопштение се јави и самиот Синер.
– Овој случај ми висеше над глава речиси една година, а долготрајниот процес требаше да биде завршен со одлука на крајот на минатата година.
– Секогаш прифаќав дека сум одговорен за својот тим и ги сфатив ригидните правила на ВАДА, кои се важни за заштита на спортот кој го сакам. На таа основа, ја прифатив понудата на ВАДА ова да биде разрешено со тримесечна санкција, – порачува Синер.