Мареска за потопот на Челси на „Амекс“: Најлош натпревар откако сум во клубот

Дерби

15/02/2025

11:51

1.475

Големина на фонт

а а а

Челси вчера загуби со убедливи 3:0 на гостувањето кај Брајтон и остана без важни бодови во битката на врвот на премиерлигашката табела, а менаџерот Енцо Мареска не го криел разочарувањето од настапот на екипата.

Италијанецот смета дека Челси потфрлил целосно на „Амекс“ и заслужено загубил од амбициозниот противник.

– Фрустриран сум од секој сегмент во нашата игра.


– Лесно примаме голови и тешко се снаоѓаме во нападот, можеме многу подобро и сега е моментот кога треба да сфатиме дека од нас се очекуваат подобри резултати.

– Постојано сме под притисок, но ова беше најлошо издание на Челси откако сум во клубот. Позицијата на табелата не е лоша и остануваме да се бориме за излез во Европа, – рекол Мареска.