Лукоил со висок ритам до победа во дуелот со ТАВ

Точка

14/02/2025

11:13

8.890

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Лукоил со висок ритам до победа во дуелот со ТАВ

ТАВ 2-8(0-4) Лукоил

ТАВ: Алексо Новески 21”, Алмир имер 33”

Лукоил: Петар Лефков 1” 9” 25”, Марио Антовски 3”, Александар Ѓеорѓиевски 8”, Горан Стојанов 39” 40” 40”

Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со ТАВ. Тие од самиот почеток на натпреварот започнаа со цврста и офанзива игра со многу подавања што им донесе рано водство во полувремето. Екипата на ТАВ денеска беше во скратен состав што се одрази на теренот, тие иако имаа неколку одлични шанси недостасуваше завршница за резултатски да се приближат до противникот. Екипата на Лукоил имаше одлична реализација што беше очигледно и по резулатот на полувремњто од 0-4.

Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра и со чести ротации го одржуваше високото темпо на игра на кое денес екипата на ТАВ во скратен состав не можеше да парира. Екипата на ТАВ успае да реализира во второто полувреме но Лукоил ја одржи високата предност па на крајот славеше со 2-8.

LC Waikiki со одлична реализација до победа над Bestway Solutions

Bestway Solution 1-9(1-2) LC Waikiki

Bestway Solution: Петар Стефановски 17”

LC Waikiki: Џемаил Рамадани 3” 33” 34", Есер Сулејмани 19” 32", Ергин Алими 23” 27” 39”, Фуркан Фетаи 25”, Зекилија Елези 40”, Мустафа Мустафа 40"

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Bestway Solutions и LC Waikiki. Двете екипи од самиот старт на натпреварот започнаа со цврста и офанзивна игра што донесе многу шанси на двете страни. Прва дојде до водство екипата на LC Waikiki во 3” минута од полувремето со погодокот на Рамадани, ова им даде дополнителен мотив да притиснат кон голот на противникот но оваа отворена игра ја искористи Bestway Solutions за во 17” минута преку Стефановски да дојдат до израмнување на 1-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да го изненади противникот преку Сулејмани и на паузата да замине со предност од 1-2.

Во второто полувреме екипата на LC Waikiki продолжи со игра во висок ритам и со брзи контра напади често доаѓаше до изгледна позиција за гол што вешто го користеше за зголемување на водството. Екипата на Bestway Solutions иако имаше неколку одлични шанси не успеа да ја стопи предноста на LC Waikiki. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот славеше со високи 1-9.

Во егал натпревар екипите на Макстил и Окта ги поделија бодовите

Макстил 2-2(1-1) Окта

Макстил: Бојковски Бобан 5”, Лазев Мартин 32”

Окта: Живко Котевски 19”, Кристијан Гроздановски 31”

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Окта. Двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи со цврста и сигурна игра на средината на теренот. Екипата на Макстил во 5” минута го отвори резултатот со погодокот на Бојковски. Ова ја примора екипата на Окта да започне со нешто по офанзивна игра користејќи го својот голман како голман играч, со ваквата игра успеаа да створат вишок во нападот и успеаа да израмнат во 19” минута со погодокот на Котевски за 1-1 резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме се продолжи со цврста и израмнета игра. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се почесто се закануваа кон противничките голови. Во 31” минута екипата на Окта успеа да направи зелосен резултатски пресврт и поведе со 1-2, но Макстил веќе во следниот напад успеа да израмни на 2-2. До крајот на натпреварот иако двете екипи имаа одлични шанси ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 2-2 ги поделија бодовите.