„Таквиот мир значи капитулација “: Макрон го предупредува Трамп дека исходот од преговорите со Русија без учество на Украина ќе биде „лоша вест за сите, вклучувајќи ги и САД

Точка

14/02/2025

21:00

2.259

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека договор за мир кој ќе стави крај на војната во Украина без учество на Киев ќе биде еднаков на „капитулација“, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија можеби нема да направи никакви отстапки за време на преговорите.

Макрон во интервју за Фајненшл Тајмс истакна дека мировниот договор со Русија без учество на Украина би бил „капитулација“.


Британскиот весник Гардијан објави дека Макрон во интервју за Фајненшл Тајмс изјавил дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски има мандат да преговара во име на неговата земја за завршување на војната.


„Мир кој значи капитулација е лоша вест за сите, вклучувајќи ги и Соединетите држави“, нагласи Макрон.


Неговата изјава доаѓа во време кога Европа се плаши дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин можеби преговараат за иднината на европската безбедност без да ги вклучат европските лидери, а дека американскиот претседател веќе прави сериозни отстапки кон Кремљ.


„Единственото прашање во моментов е дали претседателот Путин навистина, одржливо и веродостојно, е подготвен да се согласи на прекин на огнот врз таа основа. Потоа, на Украинците ќе им остане да преговараат со Русија“, изјави Макрон.


Трамп синоќа изјави дека американските и руски претставници ќе се состанат денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција, додавајќи дека Украина е поканета на состанокот. Меѓутоа, Дмитро Литвин, советник на Зеленски, истакна дека „не се очекуваат разговори со Русите во Минхен“.