Ги задавил сопругата и синот па побегнал: Пронајден е неговиот автомобил, потрагата по осомничениот продолжува во БиХ

Макфакс

14/02/2025

10:54

5.601

Големина на фонт

а а а

Во Босна и Херцеговина продолжува потрагата по осомничениот за убиството на сопругата Инела Селимовиќ (37) и 13-годишниот син, пренесува Аваз.

„Потрагата ќе продолжи во текот на денот. Последен пат е виден во Дренова, населено место во општина Прњавор“, дознава Аваз од Полициската станица Прњавор.

За потсетување, Селимовиќ е осомничен дека ги задушил сопругата и синот во Калесија, а нивните тела биле пронајдени прексиноќа во нивниот заеднички стан.

Мажот и жртвата наводно биле формално разведени, но живееле заедно. Селимовиќ побегнал од местото на злосторството со автомобил „шкода фабија“ сопственост на убиената 37-годишна жена.

Автомобилот бил пронајден вчера кај Прњавор, а на таа локација полицијата извршила увид.


Вчера над тоа подрачје е забележан хеликоптер кој ја прелетува локацијата каде што е пронајден автомобилот и местото каде што се сомничи дека се крие Селимовиќ.

Засега нема информации дали осомничениот за убиството е вооружен.

Според неофицијални информации од истрагата до кои дојде „Кликс“, полицијата насилно влегла во станот по пријава од мајката на убиената 37-годишна жена.

Наводно изјавила дека ќерка и не се јавувала на телефонот цел ден, а сомнително било и тоа што момчето не отишло на училиште.