Праведниот и траен мир мора да ја вклучува Украина, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.
„Да резимираме, ништо за Украина без Украина, знаеме дека секој праведен и траен мир мора да ја вклучи Украина“, рече Пињо на прес-конференција.
Таа нагласи дека безбедноста на Украина е безбедност и на ЕУ и дека Унијата инсистира на позицијата за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.
Портпаролката за надворешна политика, Анита Хипер, пак, изјави дека агресијата не смее да се наградува и дека секој мир мора да биде одржлив бидејќи лошиот договор води до нова војна.
„Важно е да се има предвид дека Русија е агресорот, тука и не може да биде наградена за агресија, а кога станува збор за какви било мировни договори, тие мора да бидат одржливи; лошиот договор ќе доведе до нова војна“, рече Хипер.