Запленети над 2.400 фалсификувани текстилни производи и обувки во Куманово

Макфакс

09/02/2025

16:57

1.366

Големина на фонт

а а а

Во координирана акција за спречување на нелегалната трговија со фалсификувани брендови, полицијата во Куманово изврши контрола во десет продажни објекти, при што беа запленети 2403 парчиња облека и обувки.

Според информациите од СВР Куманово, акцијата била спроведена вчера во периодот од 10:00 до 20:00 часот, во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. При контролата, во седум од објектите биле пронајдени фалсификувани производи од познати трговски марки, по што истите биле одземени, а биле изготвени записници за констатираната состојба.

Од полицијата најавуваат дека слични акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел заштита на потрошувачите и легалниот пазар.