Малолетници претепале девојче во парк во Ѓорче Петров: Ја ограбиле, а еден од нив и снимал

Макфакс

07/02/2025

17:31

1.218

Големина на фонт

а а а

Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.