Измамена скопјанка: Лажен полицаец ѝ побарал над 600.000 денари поради сообраќајка на ќерка ѝ

Макфакс

07/02/2025

17:30

342

Големина на фонт

а а а

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.

Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.

Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.