Шпанскиот тенисер Николас Алварез Варона дозволи сосема неверојатен пресврт и впиша пораз и покрај тоа што имаше шест меч топки и водство од 5:0 во решавачкиот сет.
Тенисерите одвреме-навреме приредуваат неверојатни пресврти во натпреварите, а она што вчера го направи Литванецот Вилиус Гаубас долго ќе се памети во светот на тенисот.
Литванецот победи со 2-1 во сетови против Николас Алварез Варона во второто коло на АТП Челинџерот во Тенерифе. Но, начинот на којшто стигна до победата беше особено бизарен.
Имено Шпанецот имаше водство од 5:0 и 40:30 во решавачкиот сет, меѓутоа Гаубас успеа да се извлече, а потоа спаси уште четири меч топки во следниот гејм.
Во продолжение, Гаубас гејм по гејм се враќаше во натпреварот, за на крајот да спаси уште една меч топка, вкупно шеста, при резултат 6:5 за Варона. Откако ги спаси сите меч топки, беше голем фаворит во тај-брејкот.
Во текот на тај-брејкот ја доби првата меч топка која веднаш ја искористи и оствари победа во три сетови, односно од негатива од 5:0 во третиот сет стигна до победа со 7:6.
На официјалниот сајт на турнирот објавена е видеоснимка од сите поени од овој дуел, и навистина вреди да се види начинот на кој Гаубас успеа стаса до победата.