Квотербекот на Бафало, Џош Ален првпат во кариерата стигна до престижното МВП признание во НФЛ лигата.
Во една од најнеизвесните битки за наградата, Ален беше во трка со ланскиот освојувач Ламар Џексон, но освоил повеќе поени во гласањето и стана редок играч кој е МВП без да биде избран во тимот на сезоната.
Бафало го доби директниот дуел со Балтимор на Џексон, па веројатно тоа му донесе предност во гласањето, иако и тимот на Ален нема да биде дел од Супер-Боул завршницата.
Третото место го освоил Секвоул Баркли, кој пак е избран и за најдобар офанзивен играч.
Најдобар тренер е Кевин О’Конел од Минесота.