Словенците неодамна го избраа својот претставник за Евровизија 2025. На националниот натпревар ЕМА 2025 настапија 12 изведувачи, а по суперфиналето победи познатиот водител и комичар Клемен Слакоња.
Песната ѝ ја посветил на сопругата
На Евровизија тој ќе се претстави со песната „How Much Time Do We Have Left“ (Колку време нѝ преостанува), која ја посветил на сопругата Мојца, која се соочи со битка со тешката болест на коскената срцевина. Тој објасни дека песната раскажува емотивна приказна за минливоста на времето и ги поттикнува слушателите да размислуваат за начинот на кој ги поминуваат своите деновите.
Инаку Слакоња четири пати беше домаќин на словенечкиот избор за песна на Евровизија (2011, 2012, 2016 и 2020 година), а во 2011 година ја претстави Словенија со читање на гласовите на изборот за песна на Евровизија во Дизелдорф.
Додека беше домаќин на доделувањето на „Ема“ наградите во 2016 година, тој одлучи да го пародира рускиот претседател Владимир Путин изведувајќи ја песната „Putin, Putout“ која се здоби со голема популарност во Словенија.
Тој учествуваше во словенечката верзија на шоуто „Твоето лице звучи познато“
Пошироката публика го запозна преку словенечката верзија на емисијата „Твоето лице звучи познато“, каде што се истакна во трансформациите, а дополнителна популарност стекна благодарение на виралните видео пародии во кои ги имитира светските политички лидери како Владимир Путин и Доналд Трамп.
Кариерата ја започна на локалното радио, а покрај водителскиот ангажман, Слакоња е член и на ансамблот на Словенечкиот народен театар во Љубљана, а ќе настапи во првиот дел од првото полуфинале кое ќе се одржи на 13 мај.