Сакате ресторан со врвна услуга, каде ќе ве пречекаат на врата со насмевка, ќе ве водат низ менито со цел да доживеете богато гастрономско искуство и на крај ќе ве испратат комплетно задоволни. Вакво искуство може да доживеете во екслузивниот ресторан Sky Bar Панорамика. каде покрај изборот на менито и уникатната атмосфера, персоналот се однесува со почит кон секој гостин.
Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, во подножјето на планината Водно, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет во комбинција со најубавиот панорамски поглед на Скопје. Она што ќе ве пречека во внатрешноста ќе направи да се чувствувате како да сте ѕвездата на шоуто.
Во однос на храната која се нуди и искуството што го овозможува Sky Bar Панорамика дефинитивно заслужува највисока „Мишелин“ ѕвезда. Препорачуваме да пробате млечна телешка кременадла или блек ангус риб ај бифтек, и долго да се сеќавате на уникатниот вкус.
Овде се е совршено зготвено и “со одличен вкус”, поттикнувајќи желба за уште повеќе! Што и да сме пробале во овој ресторан е совршено! Секогаш се готви до совршенство, а вкусовите се едноставно неверојатни.
Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус. Откријте ја магијата на храната приготвена со љубов и знаење, од страна на мајсторските раце на готвачите од кујната на Sky Bar Панорамика. Тие за вас ќе ги подготват нивните најпознати специјалитети и највусни оброци од домашната и интернационалната кујна и ќе ве запознаат со вкусови кои претходно не сте ги знаеле.
Вкусната храна во комбинација на широк избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци ќе го надополни впечатокот и ќе го комплетира вашето уживање.
Без разлика дали се работи за приватни состаноци, деловни средби и настани, или пак обично седнување на кафе во потрага по неколку мирни моменти за себеси... Sky Bar Панорамика е местото за вас. Проверете зошто сите зборуваат за „најубавиот прозорец со поглед кон Скопје“!
Повеќе информации на: https://skybar.hotel-panoramika.com/.
Комерцијален текст