Мега-трејдот кој го режираа Далас Маверикс и ЛА Лејкерс остави голем печат на сите трансфер случувања во НБА лигата, но како што стојат работите, тоа не е единствената голема размена која се случува на стартот на месец февруари.
По бомбастичните вести кои пристигнаа од Тексас и Калифорнија, Голден Стејт веднаш стапи во контакт со неколку големи НБА ѕвезди, па со цел да ги зголеми апетитите во преостанатиот дел од сезоната, „воините“ повторно формираат едно големо трио.
Стеф Кари и Дрејмонд Грин за свој соиграч го добиваат Џими Батлер, фантастичниот кошаркар на Мајами кој во последно време беше суспендиран од оваа франшиза поради неадекватните изјави кои ги даваше во јавноста.
Батлер по секоја цена сакаше да си замине од Мајами и на крајот успеа да си ја оствари желбата, а неговото место од редовите на Голден Стејт ќе го пополнат Ендрју Вигинс, Пи Џеј Такер и пикот од првата рунда на драфтот.
Искусниот Џими воопшто не играше кошарка во последно време, па сега дефинитивно ќе има многу желба за докажување во новата средина.
A NEW BIG THREE IN THE BAY 🤝
— SportsCenter (@SportsCenter) February 6, 2025
Jimmy Butler is a Golden State Warrior 😲 pic.twitter.com/LsQzMOhPg3