Дебитантска акција од соништата: Хименез асистира, Феликс шмекерски реализира

Дерби

06/02/2025

12:12

1.737

Големина на фонт

а а а

Тами Ејбрахам беше немилосрден кон својот поранешен клуб Рома и со два гола ја најави победата на Милан, но истата беше потврдена со гол на 20 минути пред крајот.

„Волчицата“ се врати во игра со погодокот на Довбик и се погрижи за неизвесност во второто полувреме, меѓутоа погодокот на Жоао Феликс стави точка на цела неизвесност на „Сан Сиро“.

Португалецот погоди со шмекерски лоб 12 минути по влегувањето во игра, а посебно интересно е што асистенцијата ја доби од уште едно зимско засилување.

Сантијаго Хименез го имаше клучното додавање до Португалецот кој остана сам пред голот на Свилар, па двете големи зимски засилувања самите се погрижија за деби од соништата.

Жоао со шмекерската завршница уште еднаш покажа дека поседува голем фудбалски квалитет, но сега преостанува да го презентира итиот од коло во коло.