Познатиот авантурист и телевизиска ѕвезда Бер Грилс ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со објава во која покажа како изгледа неговиот син Мармадјук (19).
Во емотивна објава, Грилс ја изразил својата гордост за својот среден син и открил дека Мармадјук работел напорно за да си ја дозволи четиримесечната авантура во Азија.
„Толку сум тажен, но истовремено и среќен за Мармадјук – се збогувам со него овде во Австралија, додека заминува за Азија на четири месеци. Работеше напорно во месарница во Лондон, ги заработи парите и сега оди на сопствена авантура“, напишал Бер Грилс.
Бер Грилс е во брак со Сара Најт од 2000 година, а парот има уште два сина – Џеси (21) и Хаклбери кој има 15 години.
Погледнете и како изгледа неговиот постар син Џеси.