Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна

Макфакс

04/02/2025

13:44

180

Големина на фонт

а а а

Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 153 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

„Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава“.

Ние денес, додава Филипче, треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија.