СДСМ: Новата концепција за гимназиско обазование ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката

Макфакс

04/02/2025

09:58

487

Големина на фонт

а а а

„Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јаневска која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници. Очигледно Јаневска нема капацитет да го води овој толку значаен ресор“, велат од СДСМ.

„Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието. Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на Јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците. Јавна дебата не е поставување на Концепцијата на веб-страницата на БРО. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата, од таа причина оваа Концеоција ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката“, посочуваат од СДСМ.


Според нив неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓудругото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование.

„Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование. Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната Концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релеватни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации“.