Најмалку пет затвореници се убиени во бунт што избувна во затвор во градот Вахдат, 20 километри источно од главниот град Душанбе, Таџикистан, а тројца затворски службеници се повредени, соопштија два извори од безбедносните агенции.
Бунтот го предизвикале затвореници кои се обиделе да побегнат од затворот.
Тие ги нападнале чуварите со импровизирани ножеви, објави Ројтерс.
Министерството за правда соопшти дека затворениците се обиделе да ги убијат чуварите и да избегаат од затворот.