Од денеска на еден пат во Црна Гора ќе има дневни блокади

Макфакс

03/02/2025

08:41

1.572

Големина на фонт

а а а

Неформалната црногорска студентска група „Камо Сутра?“ најавија дека од денеска, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.

Барање за разрешување на Шарановиќ и Бечиќ

Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.

„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ изјави групата на Икс.

Како дел од организацијата викендов беше извршена блокада на мост во Подгорица која траеше од 17:26 до 18:30 часот во саботата.