„Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица – дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите“, велат од Левица.
Од таму ги повикуваат сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница на Собранието да ги поддржат овие „разумни и неопходни предлози“ на Левица.
„Воведувањето на кривична одговорност за судиите е неопходна за да се стави крај на децениската пракса на неказнивост, праксата каде корупцијата е правило, а а правдата исклучок. Судиите не смеат да бидат недопирливи!
Со години гледаме како политичките и бизнис елитите манипулираат со правниот систем. Мораме да се спротиставиле на судските мафијашки врски, да ја заштитиме правдата и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите.
Овој Предлог-закон е првиот чекор кон вистинска реформа во судството. Ги повикуваме сите пратеници, доколку се навистина против корупцијата, ако навистина се залагаат за правда – да го поддржат овој предлог.
Секој што ќе гласа против, или ќе се воздржи од гласање – ќе докаже дека е соучесник и дел од криминалот и корупцијата која ја гуши Македонија“, соопшти Левица.