Проотестниот марш на кој се бара правда за Фросина помина и пред Собранието, каде насобраните бараа одговорност. Граѓаните потоа се упатија кон Кривичниот суд.
„Секој еден може да е следен“ извикуваа илјадници граѓани пред Собранието на масовниот протестен марш на кој се бара правда за 22-годишната Фросина Кулакова
Потоа присутните светеа со мобилните телефони, давајќи почит за младата Фросина. Се извикуваше и „Сакаме правда“ и „Нема правда – нема мир“.
Граѓаните носат бројни транспаренти на кои пишува „Секој еден може да е следен“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „Судии убијци“, „Крвта е на ваши раце“.
Потстуваме, маршот започна на Партизанска, помина пред Собрание и продолжи кон Кривичен суд.