Граѓаните носат разни транспаренти во кој бараат одговорност.
Граѓаните денеска повторно излегоа на протест кај Универзалната сала, каде пред неколку дена Васил Јованов со автомобил ја прегази Фросина Кулакова од Неготино.
Граѓаните носат разни транспаренти во кој бараат одговорност.
Posted by Sanja Atanasovska on Sunday 2 February 2025
„Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите.
Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.
Маршот почнува од Универзална, Собрание, ОЈО и ќе заврши пред Кривичниот суд.