Герасимовски: Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара, позитивни се реакциите на граѓаните

Макфакс

02/02/2025

10:41

243

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец.

„Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар. Улиците околу Градскиот стадион се чисти, а кантите без смет. Ме радува позитивниот одѕив од страна на граѓаните за акцијата велејќи дека треба да работиме и на подигнување на свеста за одржување чиста средина. Апелирам до граѓаните да пријавуваат смет и дива депонија на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693”, истакнува Герасимовски.

„Општина Центар спроведува голема акција за чистење на јавните површини во Центар, откако минатиот викенд Град Скопје ги остави центарските улици во смет“, пишува во соопштението на општината.