Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце, кажа денеска на прес конферанција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб“, рече Лефков.
„Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом. Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има“, заклучи пратеникот Лефков.