ВМРО-ДПМНЕ: Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи

Макфакс

02/02/2025

10:40

211

Големина на фонт

а а а

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом.

Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. Истиот, не бил малолетен кога бил осуден, и според тоа не можел по ниеден основ да оди во поправен дом, туку морал да одлежи казна затвор.

Тоа што наместо во затвор, тој бил упатен во поправен дом, резултираше со трагичната сообраќајка чиј причинител е.

Овој случај како и многу други до сега, покажува зошто се потребни реформи во судството. Одговорност мора да има на сите нивоа.

Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.