Францускиот селектор Жил со прва анализа за болниот пораз од Хрватска

Дерби

31/01/2025

13:25

777

Големина на фонт

а а а

Франција не успеа да се снајде против мотивираната Хрватска и вчера го загуби полуфиналето на ракометното Светско првенство.

Избраниците на Гијом Жил останаа без посакуваното финале, а францускиот селектор џентлменски го прифатил конечниот епилог на дуелот во Загреб.

– Дојдовме овде со цел да ја освоиме титулата, но сега ќе треба да се подигнеме одново и да го освоиме барем третото место.

– Многу сме разочарани поради начинот на кој го почнавме натпреварот, Хрватите одлично отворија и ни направија голем притисок. Нивната одбрана 5-1 ни создаваше проблеми, а ние не бевме доволно цврсти во одбраната, ниту пак ефикасни во поволни ситуации за постигнување гол.

– Тука беше и домашната публика која создаваше притисок и врз судиите, црвениот картон за Мин беше многу чуден. Сепак, бевме борбени и се обидовме да се вратиме, иако не успеавме, – изјавил Жил за француски „Лекип“.

На прес-конференцијата по натпреварот тој дал слична констатација за полуфиналето, но и џентлменски им посакал среќа во финалето на Хрватите.

– Им честитам на Хрватите за оваа победа и за играта на целиот турнир, им посакувам се најдобро во финалето, – рекол Жил.