Лајпциг за 50 милиони евра го откупи Симонс од ПСЖ

Макфакс

30/01/2025

12:40

432

Големина на фонт

а а а

Вториот мандат на 21-годишниот Чави Симонс во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг го откупи неговиот договор. Холанѓанецот во Лајпциг, на позајмица од ПСЖ пристигна пред 18 месеци.

Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со ПСЖ во 2023 година, каде што ја започна својата кариера во 2021 година.

Во сезоната меѓу двата мандати играше за ПСВ Ајндховен, а цела втора сезона ја мина во германскиот клуб, кој сега го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, пренесува „Билд“, кој потенцира дека ова е историски трансфер за клубот од источна Германија.

Симонс постигна 15 гола на 60 натпревари за Лајпциг, од кои 12 во Бундеслигата.

Лајпциг оваа сеозна имаше разочарувачки настап во Лигата на шампионите. Клубот на три кола до крајот остана без шанси за пласман во нокаут фазата.

Кога станува збор за домашното првенство, Лајпциг е на петтото место со 32 бода.