Саки избра еден тим: Тие најмногу ме импресионираа во ЛШ

Дерби

30/01/2025

12:24

720

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Ариго Саки го издвои тимот кој според него најмногу импресионирал во првата фаза на Лигата на шампионите.

Со вчерашните натпревари беше заокружено осмото коло или поточно овој дел од натпреварувањето, па сега ќе дојде она вистинското во кое секоја грешка скапо ќе се казнува, елиминацинските борби.

Саки добро знае како е да се освои титулата на ова ниво и според некогашниот предводник на Милан и Атлетико Мадрид, најблиску засега до трофејот е премиерлигашот Ливерпул.

- Тимот кој најмногу ме импресионираше несомнено беше Ливерпул. Тие одат со полн гас. Запирањето на „црвените“ кога забрзуваат е практично невозможно, што докажува нивната доминација во Премиер лигата. По ерата на Клоп, новиот тренер Слот успеа, со голема понизност, да задржи одредени тактички принципи на неговиот претходник и да додаде неколку мали детали за да го врати ентузијазмот во околината.

- Исто така, со интерес ја следев еволуцијата на Арсенал на Артета: англиски тим предводен со шпански допир. Овој спој, комбинирајќи ја англосаксонската физика со латинската техника, дава резултати и возбуда, - напиша Ариго во колумната за „Газета Дело Спорт“.