Екипата на Филаделфија Севентисиксерс ја прекина победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс во НБА лигата.
Иако домаќините настапија на овој меч без повеќе играчи меѓу кои и ѕвездите Ембид и Џорџ, тие успеаа да дојдат до конечно славје од 118:104, а за тоа најзаслужен беше Макси.
Плејмејкерот беше во ритам, елемент, нерешлива енегма за гостите и најдобра потврда за тоа се 43 постигнати кошеви. Уште четворица беа двоцифрени кај „76-ките“ за кои ова беше 18 славје во сезоната.
Лејкерс на спротивната страна уште во раната фаза го загуби Дејвис, па најефикасен беше Џејмс со 31 поен, 9 асистенции и 8 скока.
На другите соочувања беа поставени следниве резултати:
Атланта-Хјустон 96:100
Голден Стејт-Јута 114:103
Портланд-Милвоки 125:112