Манчестер сити може да биде казнет со одземање на 40 поени

Макфакс

28/01/2025

16:17

1.505

Големина на фонт

а а а

Во фудбалскиот клуб Манчестер сити добиле информација дека ќе им бидат одземени 40 поени доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата за финансиски фер-плеј (ФФП).

Од Англија доаѓаат информации кои би можеле да го сменат текот на сезоната во Премиер лигата. Според порталот „goal.com“, Сити би можел да загуби дури 40 бода, со напомена дека „автоматското испаѓање од Премиер лигата не е опција“.

Останува нејасно како загубата од толку бодови, со која англискиот првак со само еден бод ќе го спушти на дното на табелата, не може да резултира со испаѓање.

Манчестер сити се соочува со повеќе од 115 обвиненија за кршење на финансиските правила.

„Граѓаните“ се соочени со казни вклучувајќи одземање бодови, забрана за трансфери и потенцијално исфрлање од Премиер лигата.

На оваа ситуација се осврна д-р Роб Вилсон, професор по економија на Универзитетот Шефилд Халам и водечки експерт за фудбалски финансии.

„Не очекувам да испаднат. Мислам дека ќе им бидат одземени многу поени. Претходно претпоставував дека ќе бидат 50. Но, тогаш тие беа на врвот на табелата. Сега мислам дека ќе им бидат одземени помеѓу 20 и 40 поени, а веројатно ќе добијат и забрана за трансфери во летнииот преоден рок. Ова сепак ќе биде голема победа за Манчестњр сити бидејќи нема да го дестабилизира клубот. Ембаргото за трансфери мислам дека е речиси загарантирано, бидејќи одредено ниво на спортски санкции мора да биде обезбедени“, рече Вилсон.

Манчестер сити доминираше во англискиот фудбал во последните сезони и сега е под огромен притисок. Загуба од 40 бода, односно клубот би имал само еден поен.

Сепак, останува прашањето како „граѓаните“ би можеле да избегнат испаѓање со оглед на ваков драстичен удар.

Сезоната во Премиер лигата влегува во својот последен дел, остануваат уште 15 кола. Исходот од овој случај може да има далекусежни последици и за Сити и за целата лига.