Манчестер Јунајтед му го обезбеди првото засилување на Аморим

Дерби

28/01/2025

12:27

3.609

Големина на фонт

а а а

Резултатската криза во Манчестер Јунајтед е надополнета и со фактот што клубот не е во позиција да инвестира посериозни суми за засилувања, но менаџерот Рубен Аморим ќе добие барем еден нов играч во овој преоден рок.

Италијанските медиуми денеска тврдат дека премиерлигашот постигнал договор со Лече за трансфер на Патрик Доргу, фудбалер кој ќе ја засили левата страна на „црвените ѓаволи“.

Фул-бековите имаат посебна важност во формацијата на Аморим, па Португалецот очекува дека Доргу ќе донесе сериозно освежување на левата страна, каде клубот долго не смета на повредениот Лук Шо.

Данскиот репрезентативец ќе му донесе 35 милиони евра на Лече, со можност за дополнителни 5 милиони евра во вид на бонуси, а за Јунајтед е позитивно што се работи за играч со солидно искуство на 20-годишна возраст.

Италијанскиот клуб направи вистински погодок откако го доведе Доргу од младинската академија на Нордсјеланд и сериозно ќе профитира од овој трансфер на новопечениот дански репрезентативец.