Манчестер Сити се засили со тројца фудбалери во јануарскиот преоден рок, но Пеп Гвардиола и натаму не може да најде привремена замена за Родри во средниот ред.
Тешката повреда на шпанскиот репрезентативец значеше крај на неговата сезона уште во почетната фаза, а оттогаш почна и мачењето на англискиот првак и резултатската криза која го исфрли од битката за нова титула.
Гвардиола веќе ги доведе Реиш, Хусанов и Мармуш, но имал и еден се чини очаен обид да го засили средниот ред со Серхио Бускетс, ветеранот со кого соработуваше одамна во Барселона.
Каталонски „Спорт“ тврди дека Бускетс добил повик од Гвардиола во кој му било понудено да се пресели во Сити до крајот на европската сезона.
Првично, Бускетс прифатил, но неколку дена подоцна ја сменил одлуката и решил да остане во Мајами, каде настапува во МЛС заедно со Лионел Меси и Жорди Алба.