Барселона славеше убедлива победа над Валенсија во последното соочување на овие две екипи во Ла Лига, а шпанските медиуми успеаја да уловат и интересна конверзација за време на натпреварот.
Феран Торес имал искрен разговор со противничкиот голман Гиорги Мамардашвили, а се интересирал зошто грузискиот голман останал во Валенсија и покрај тоа што веќе се договори за трансфер во редовите на Ливерпул.
– Зошто не замина уште годинава? – прашал Торес.
– Алисон (Бекер), – кратко одговорил Мамардашвили, објаснувајќи дека очигледно премиерлигашот и бразилскиот голман се договориле уште сезонава тој да биде во прв план на голот на Ливерпул.
Грузиецот се интересирал и како и оди на Барселона, а Торес му одговорил дека неговиот тим останал без многу планирани бодови, алудирајќи на неколку киксеви во серија против послаби екипи.
Мамардашвили не замина во Ливерпул и на тој начин и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски останува во втор план во редовите на Валенсија, па и тој ќе ја чека следната сезона за менување на приоритетите на двата клуба.