Шеј повторно блескаше, Оклахома е најдобриот тим во НБА лигата

Дерби

27/01/2025

11:20

980

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа над Портланд Трејл Блејзерс со 118:108 во единствениот меч кој се одигра во НБА лигата.

Домаќините беа во одличен ритам во последно време, врзаа четири победи во низа, но Оклахома е друга димензија, тим кој е далеку подобар од Портланд и тоа го потврди во „Мода Центарот“ во Орегон каде со триумфот стана и најдобар тим во лигата по 45 натпревари.

Имено Тандер има учинок од 37:8 и за еден триумф подобар од составот на Кливленд Кавалирс. Средбата во Портланд мина во знакот за кандидатот за МВП во оваа сезона, Шеј Гилџес-Александер кој испорача 35 поени со 5 скока, 1 асистенција и 3 украдени топки.

Најголема поддршка му беше Вилијамс со 24 поени и 8 асистенции, додека кај поразените Авдија имаше одлично издание со 28 поени, 8 скока, 8 асистенции, 1 блокада и 1 украдена топка.