[ФОТО] Чудно, што почудно не може да биде“: Познатата манекенка се појавила на Австралија опен облечена во најбизарната можна креација

Точка

24/01/2025

10:59

6.505

Големина на фонт

а а а

Американскиот супермодел Тајра Бенкс на трибините на тенискиот меч се појавила чудно облечена. Тајра (51) била забележана како го прави својот влез облечена од глава до пети во црно, со качулка над главата.

Бизарната облека се состоела од широки црни панталони, црн горен дел и качулка завиткана околу главата.


Покрај тоа, Тајра носела црна лента на главата која ја криела нејзината коса. Црното моливче за очи уште повеќе придонело за нејзиниот драматичен изглед.


Манекенката се смешкала, а целата трибина внимателно гледала во неа.

Инаку, оваа манекенка била судија во реалити шоу програма посветена на изборот на топ модели и сите добро се сеќаваат колку сурова била кон младите девојки. Таа барала екстремна витка линија од сите, провоцирајќи ги доколку имаат (според неа) макар и грам вишок.



Сега и самата Тајра се бори со килограмите и се обидува тоа да го покрие со широка и црна облека. Таа живее во Сиднеј, каде што се подготвува да отвори сопствена продавница за сладолед.