[ФОТО] Одвикнување од пушењето на турски начин: Ибрахим Јуџел со кафез на главата се обидел да престане со оваа лоша навика

Точка

23/01/2025

19:39

566

Големина на фонт

а а а

Ибрахим Јуџел повеќе од две децении интензивно пушел пред да се реши да преземе екстремен чекор.

Зависноста од каков било вид е лоша, но зависноста од пушење е една од најлошите. Откажувањето од пушењето е особено тешко, бара огромна волја и посветеност. И покрај значителните напори, само мал процент од пушачите успешно ја надминуваат својата зависност.


Пред речиси 11 години, веста за човек кој се обидел да се откаже од цигарите стана особено популарна на телевизија и други медиуми кога Јуџел на главата стави направа налик на кафез со цел да се откаже од пушењето.


Во 2013 година, многу медиуми известија дека, Ибрахим Јуџел дотогаш пушел 26 години, а покрај неколкуте обиди да се откаже, тој не успеал да престане со лошата навика на пушење две кутии цигари дневно. Секоја година, на родендените на неговите три деца и на годишнината од бракот, тој се откажувал од цигарите, но никогаш не издржал повеќе од неколку денови без нив.

Иако фотографиите и снимките на кои тој ја заклучи главата во кафез, а клучот од него ѝ го даде на сопругата станаа вирални, сè уште нема достапни информации докази дека успеал во намерата.


Според Светската здравствена организација, секоја година повеќе од 8 милиони луѓе умираат како последица од пушењето. Повеќето смртни случаи поврзани со пушењето се случуваат во земјите со низок и среден приход, кои често се цел на интензивни маркетинг активности во тутунската индустрија.


Тутунот може да биде смртоносен и за непушачите, а 1,2 милиони од регистрираните смртни случаи поврзани со пушењето, биле непушачи или луѓе кои вдишале чад од туѓа цигара. Речиси половина од сите деца дишат воздух загаден со чад од тутун, а 65 000 деца годишно умираат поради болести поврзани со пасивното пушење. Пушењето во текот на бременоста може да доведе до неколку доживотни здравствени состојби кај бебињата.