Како изгледа табелата во ЛШ? Манчестер сити ќе трепери до 29 јануари

Макфакс

23/01/2025

09:57

673

Големина на фонт

а а а

Европскиот првак од 2023 година, Манчестер Сити, по поразот во Париз падна на 25. место на табелата во Лигата на шампионите, а клубовите од 9. до 24. место ќе ги одмерат силите во плеј-офот за нокаут фазата.

Во пресрет на вечерашните натпревари, само Ливерпул и Барселона обезбедија пласман во Топ 8 екипите по првата фаза од натпреварувањето.

Останатите тимови ќе се борат во последното коло за една од двете цели: место меѓу осумте најдобри во поредокот, кои директно ќе се квалификуваат за осминафиналето, додека преостанатите, рангирани од 9. до 24. ќе играат плејоф з место меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Во пресрет на вечерашните натпревари познато беше кои 10, од вкупно 12 клуба, дефинитивно ќе го завршат натпреварувањето по завршувањето на првиот дел, односно по одигрувањето на осмото коло.

Никакви шанси за пласман до 24.место немаат: Црвена звезда, Болоња, Шахтјор, Спарта Прага, Џирона, Штурм Грац, Салцбург, Лајпциг, Слован Братислава и Јанг Бојс.

Моментално под цртата, со шанси за пласман во нокаут рундата се Динамо Загреб и Манчестер сити.

Хрватскиот шампион мора да го победи Милан на „Максимир“ во последното коло доколку сака да се пласира во нокаут фазата. Истото важи и за тимот на Пеп Гвардиола во дуелот со белгискиот Клуб Бриж на „Етихад“.

Динамо, покрај евентуалната победа над Милан, ќе треба Штутгарт и ПСЖ да не ремизираат и или Спортинг да загуби дома од Болоња или Бенфика да загуби на гостувањето кај Јувентус. Значи, ќе биде пеколно ќе биде последното коло.

Досега пласман во Топ 8 обезбедија Ливерпул и Барселона, а пласман во нокаут фазата имаат обезбедено следните екипи: Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Милан, Аталанта, Баер Леверкузен, Астон Вила, Монако, Феенорд, Лил, Брест, Борусија Дортмунд, Баерн, Реал Мадрид, Јувентус и Селтик.

Овие клубови ќе се борат за Топ 8 во последната рунда за да ја избегнат нокаут фазата.

Оценката беше дека 11 поени се доволни за место во плејофот, што значи дека и ПСВ Ајндховен и Клуб Бриж се речиси сигурни. Бенфика, Пари Сен Жермен, Спортинг и Штутгарт остануваат во игра на десет бода до крајот.

Веќе е јасно дека една од дерби средбите во последното коло ќе се одигра меѓу Штутгарт и ПСЖ.

Погледнете ги сите двојки од последното коло. Сите натпревари се играат во среда на 29 јануари со почеток во 21 часот:

Јанг Бојс – Црвена звезда Белград

Астон Вила – Селтик

Барселона – Аталанта

Баер Леверкузен – Спарта Прага

Борусија Дортмунд – Шахтјор Доњецк

Брест – Реал Мадрид

Динамо Загреб – Милан

Баерн – Слован Братислава

Салцбург – Атлетико Мадрид

Џирона – Арсенал

Интер – Монако

Јувентус – Бенфика

Лил – Феенорд

Манчестер Сити – Клуб Бриж

ПСВ – Ливерпул

Штурм Грац – РБ Лајпциг

Спортинг Лисабон – Болоња

Штутгарт – ПСЖ