Нов шумски пожар кој брзо се прошири, избувна во близина на езерото Кастаик во округот Лос Анџелес, Јужна Калифорнија.
Почнаа нови евакуации во регион кој се уште се опоравува од најразорните пожари во својата историја.
Пожарот избувна вчера попладне во планинско подрачје кое граничи со повеќе станбени населби и училишта. Се разгоре од силни ветрови и за само два часа зафати повеќе од 5.000 хектари. Ниту една куќа или деловен објект не е оштетена, јавуваат странските медиуми.
Новиот пожар избувна северно од двата големи пожари кои се уште се активни и уништи повеќе населби претходно овој месец.
🚨 UPDATE: The new Los Angeles Hughes Fire is now 5000+ acres with zero containment. Powerful winds creating fire tornados. pic.twitter.com/p5rIiEBpm5
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 22, 2025
Два други пожари избувнаа на југ, во близина на Сан Диего и Оушансајд, соопштија официјални лица. И двата се со помал обем, но ги зафатија населените области. Пожарникарите успеаја да ги стават под контрола и двата пожари, наредбите за евакуација главно беа укинати, а натамошното ширење на огнот беше запрено.
Во округот Лос Анџелес, локалните медиуми ги прикажаа жителите во Хјуз како прскаат со вода нивните домови и дворови и оние кои решиле да се евакуираат.
Регионот повторно е под црвен аларм, што укажува на висок ризик од пожар поради силните ветрови и сувите услови со ниско ниво на влажност.
🚨 Breaking: #HughesFire Castaic lake Santa Clarita California Los Angeles LA California SOCAL has grown 50x its size in 2 hours. This is a very very dire situation!
— SyeClops (@SyeClops) January 22, 2025
Now over 5,000 acres!
The California Department of Forestry and Fire Protection says the fire is moving with a… pic.twitter.com/TmCOhhvvzF
Една жена која го евакуирала својот дом изјавила за NBC 4 дека била заглавена на автопатот што минува низ областа и ги поврзува северна и јужна Калифорнија.
„Изгледаше како облак, но кога се приближив, изгледаше како да возиме во пеколот“, рече таа за темниот чад и црвениот пламен што ги виде. „Беше прилично страшно, да бидам искрена“.