Во изминатиот период беа формирани работни групи за изготвување предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за Судскиот совет и предлог-измени на Кривичниот законик.
За претседател на работната група за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет именувана е Мирјана Лазарова-Трајковска, судија во Врховниот суд на РСМ, информираат од Министерството за првада.
Членови на работната група се: д-р Денис Прешова, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; д-р Александра Деаноска-Трендафилова, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија; Аритон Ала, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија; Зоран Герасимовски, судија во Апелациониот суд – Скопје; Исмета Амет, судија во Вишиот управен суд на РСМ; Ивана Петковска, претставник на БЛУПРИНТ-групата на граѓанските организации; Јелена Кадриќ, претставник на БЛУПРИНТ-групата на граѓанските организации; Александра Цветановска, посебен советник на министерот во Министерство за правда на РСМ; Николина Микеска-Костадиновска, раководител на секторот правосудство при Министерство за правда на РСМ.
За претседател на работната група за изготвување предлог-измени на Кривичниот законик именувана е д-р Александра Деаноска-Трендафилова, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Членови на работната група за измени и дополнувања на Кривичниот законик се:
Цветанка Периќ, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија; Елвин Вeли, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија; Даниела Алексовска-Стојановска, судија во Основниот кривичен суд – Скопје; Владимир Туфегџиќ, адвокат; Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на БЛУПРИНТ-група на граѓанските организации; Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство во Министерство за правда на РСМ.
Од Министерството за првада очекуваат најбргу што може работните групи да излезат со предлог законски решенија.