ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ останува заглавена во криминалот, бараат етнички теми како последен обид политички да преживее тајфата околу Ахмети

Макфакс

22/01/2025

17:35

208

Големина на фонт

а а а

Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која, како што велат, пред шест месеци замина на буништето на историјата, повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, како што оценуваат, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети.

„Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда и транспарентност? Очигледно, уживаа во комфорот на криминалните приходи, додека народот плаќаше за нивната негрижа.

Зборуваат за „заштита на интересите“, а нивниот најголем интерес секогаш биле нивните банкарски сметки полни со украдени народни пари.

ДУИ се однесува како актер во заборавена сапуница – нивните приказни повеќе никого не го интересираат“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба од нивните спектакли.

Време е да престанат да го манипулираат народот и да го прифатат фактот дека нивното време помина, порачуваат од владејачката партија.