Теоретичарот на заговор му се заблагодари на претседателското помилување: „Одам да купам пиштоли“
Џејкоб Ченсли, познат како шаман на QAnon, е еден од бунтовниците на Капитол Хил помилувани од Трамп, пренесува BBC.
Веднаш по својата инаугурација, американскиот претседател Доналд Трамп помилува околу 1.600 приврзаници осудени за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Некои од нив јавно му се заблагодарија на повратникот во Белата куќа.
Еден од нив е Џејкоб Ченсли, самопрогласен шаман на движењето QAnon, познато по своите теории на заговор.
„Не жалам за ништо“, изјави Ченсли за BBC Newsnight.
Тој истакна дека, сега кога неговото криминално досие е целосно избришано, планира да ги врати своите граѓански права и да купи пиштоли.
Ченсли исто така тврди дека нападот на Капитол Хил бил оркестриран од „длабоката држава“.